Велешката фабрика Киро Ќучук нема да се рестартира

54

cigle Советот на доверители одлучи, велешката фабрика за цигли Киро Ќучук да не се рестартира. Собранието не го прифати планот за рестартација кој беше предложен од страна на прилепската фирма Микрон теч. Стечајниот управник на Киро Ќучук, Aцо Петров, појасни дека постојат неколку причини за оваа одлука.
“Не беа дадени прецезни податоци за начинот на спроцедување на планот, на реализацијата на исплатата на доверителите, како и не беа понудени никакви банкарски гаранции за намирување на доверителите за утрврдените барања”, изјави Петров.
Имотот на фабриката Киро Ќучук ќе биде ставен на проджба. Тој се проценува на 3,7 милиони евра.