Велика Британија би можела да добива струја од вулканите на Исланд

48

Iceland-Volcano

Жителите на Велика Британија за десетина години би можеле да добиваат електрична енергија што ќе се произведува од вулканите на Исланд, пишува Independent.co.uk.

Планот на британските власти вклучува изградба на подводни кабли во должина од околу 1.200 километри. На овој начин Велика Британија ќе може да ги користи обновливите извори на енергија од вулканите на Исланд.

Оваа земја искористувајќи ги геотермалните води задоволува околу 95% од своите потреби за електрична енергија.

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, формира тим од експерти кои имаат задача да направат физибилити студија со којашто ќе се утврди изводливоста на овој проект.