Велика Британија и ЕУ со нови санкции за Русија – на удар руските дијаманти

23

Велика Британија и ЕУ воведуваат нови санкции против Русија. Санкциите се однесуваат на неколку сектори, а целта е да се намали капацитетот на Москва за финансирање на војската во Украина.

„Санкциите се насочени кон 86 поединци и организации поврзани со рускиот енергетски, метален, одбранбен, транспортен и финансиски сектор – зголемувајќи го притисокот врз преостанатите приходи на Путин и обидувајќи се да ги искористи овие сектори за воена поддршка“, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.
Соопштението доаѓа додека британскиот премиер Риши Сунак се состанува со лидерите на Г-7 во Хирошима.

Претходно кабинетот на премиерот објави дека Обединетото Кралство ќе го забрани увозот на руски дијаманти, бакар, алуминиум и никел од руско потекло според законот што ќе биде воведен подоцна оваа година, пренесува Си-Ен-Ен.

Велика Британија санкционираше повеќе од 1.500 поединци и организации од почетокот на руската инвазија на Украина, замрзнувајќи повеќе од 22,3 милијарди долари имот во Велика Британија.

„Како што покажуваат санкциите објавени денеска, Г-7 ќе остане обединета пред руската закана и цврста во поддршката за Украина“, рече тој, изјави британскиот премиер Риши Сунак.
Шефовите на држави и влади на Г7 треба да разговараат и за голем број други санкции против Русија, вклучително и американските мерки за ставање на црната листа на 70 руски и странски ентитети во САД. Британија, исто така, ќе таргетира дополнителни 86 лица и компании од воено-индустрискиот комплекс на Путин, покрај оние кои се вклучени во енергетската, металната и бродската индустрија, се вели во извештајот.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека Европа ќе воведе санкции и за руските дијаманти.