Велика Британија издаде паричка во чест на Стивен Хокинг

15

Британскиот производител на ковани пари и медали, British Royal Mint му оддаде чест на професорот Стивен Хокинг, кој почина минатата година. Станува збор за паричка, односно монета од 50 пени на којашто симболично е претставена неговата работа и откритието за црните дупки. 

Почесната паричка доаѓа во три варијанти: златна, сребрена и верзија со двоен слој од сребро наречена piedfort.

Зад дизајнот стои Британката Едвина Елис, а самата паричка ќе биде исклучиво за колекционерски цели, пишува Dezeen. На паричката со големи букви е испишано неговото име и претставени се спирални линии коишто прикажуваат црна дупка на еден сликовит начин.

Почесните парички ќе може да се нарачаат преку веб страната на  Royal Mint.

Фото: Royal Mint