Велика Британија: Крајот за дизел и бензинските автомобили се најавуваше за 2030 година, но сега рокот се продолжува?!

Велика Британија размислува да го одложи спроведувањето на забраната за продажба на нови автомобили на бензин и дизел. Имено, првата граница била 2030 година, а сега размислуваат за 2035 година, пренесува Би-Би-Си. Првично објавена, 2030 година беше претставена на јавноста во ноември 2020 година, кога Борис Џонсон беше премиер.

За потсетување, рокот на Европската унија за напуштање на возилата со дизел и бензин е 2035 година, а на почетокот на оваа година беше можно да се продаваат возила со мотори со внатрешно согорување кои ќе користат синтетички горива. Се очекува во наредните денови да и се обрати на нацијата актуелниот британски премиер Риши Сунак и да ја соопшти споменатата промена. Нулта емисија на CO2 и други штетни гасови до 2050 година не треба да биде доведена во прашање, само, се чини, роковите ќе се пролонгираат.

Портпаролот на владата на Сунк истакна дека новиот пристап ќе му даде приоритет на прагматизмот за да се осигура дека трошоците не ги оптоваруваат британските семејства. Владата ќе остане решена да постигне нула нето емисии.