Велика Британија: Нова монета по повод Брегзит

108

Владата на Велика Британија донесе одлука за изработка на нова монета од 50 пени (околу 0,58 евра) по повод истапување на земјата од членство во ЕУ, коешто е предвидено за 31 јануари.

Министерството за финансии на Велика Британија, во октомври ја стопираше изработката на монетите бидејќи Брегзит, којшто беше закажан за 31 октомври, беше одложен за крајот на јануари.

Одлуката за повторна изработка на монетите пред официјалниот Брегзит беше донесена по победата на Конзервативната партија.

Новата монета, изработена од злато, сребро и комбинација на бакар и никел, ќе го носи датумот на Брегзит и пораката: Мир, просперитет и пријателство со сите нации.

Фото: Pexels