Велика Британија: Зголемена кражба на делови од автомобили поради вреден метал

326

Цената на паладиумот на пазарот е многу повисока, а ова им е добро познато на крадците кои влечат каталитички конвертори коишто, меѓу другото, го содржат и овој вреден метал. На пазарот на паладиум и платина, големи пари се вртат и побарувачката за овие материјали се зголемува.

Крадците го знаат и ова, поради тоа се зголемува бројот на кражби. Поточно, каталитичкиот конвертор ги содржи токму овие скапи материјали, така што автомобилите и другите возила сè повеќе се на мета на крадци. Бидејќи станува збор за ставка што се вклопува во секој автомобил, дури е многу полесно да се украде од лице место кога автомобилот е паркиран.

Една осигурителна компанија во Велика Британија забележа зголемување на кражбите на каталитички конвертори во возила – дури 10 пати повеќе во однос на јануари и октомври 2019 година, пишува списанието ХАК.

Крадците знаат дека метата е лесна за остварување, бидејќи катализаторите се лесни за сечење и одвојување од остатокот на издувниот систем. Реакција веќе има од неколку возачи, кои биле мета на кражба на катализатори дури двапати оваа година. Инаку, катализаторот помага да се претворат штетните гасови од моторот, односно да се обезбеди почист издувен гас, но крадците го вадат паладиумот, сиво-бел, тврд метал којшто апсорбира водород и затоа се користи како катализатор. Цената за унца на паладиум (една унца = 28 грама) денес се движи од 1.300 до 1.500 долари, па токму затоа не е изненадување што катализаторите се мета на крадците.