Британскиот бренд Goldgenie, чија примарна задача е изработка на предмети по нарачка, на велосипедзимот му даде едно ново луксузно значење со својот тркачки велосипед позлатен со 24 каратно злато.
Благодарение на благородните карактеристики на златото неговата популарност не застанува кај накитот. Тоа го потврдува и Goldgenie со овој луксузен златен велосипед каде секој дел од него, почнувајќи од врвот на рачките, па се до ланецот е обложен со 24 каратно злато.
Единствено анатомското седиште San Marco, кое е изработено од лимитирана линија на меко кадифе и SR4 тркачките гуми, се деловите на кои нема злато. Цената на ова луксузно превозно средство е 200.350 евра.