Вендинг машини за заштитни маски, средства за дезинфекција и влажни марамчиња

546

Бидејќи коронавирусот широко се распространува низ целиот свет, компанија од Турција направи вендинг машина што нуди заштитни маски и средства за дезинфекција на јавни места, пренесува Хуријет.

Оваа вендинг машина е идеална за поставување на јавни места како што се метро станици и аеродромите, според Ердем Динчој, од компанјата Elektral, што стои зад оваа идеја.

“Освен маски за лице, машината обезбедува и влажни марамчиња и средства за дезинфекција со цел да им помогне на луѓето да се заштитат“, вели тој.

Се верува дека вендинг машините може да бидат важна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, а и да обезбеди медицински препарати на јавни места.

Друга предност на вендинг машините е тоа што нема потреба од персонал, а луѓето може да си купат маска со кеш или картичка.

Првите вендинг машини за заштитни маски се очекува да се појават во метро станици и аеродроми во Истанбул.

Фото: Pexels