Венеција ќе наплаќа влез во градот и ќе го ограничи бројот на туристи

72

Во италијанските медиуми, повторно е актуелна веста околу одлуката на градот Венеција да воведе плаќање билети за сите туристи, а многумина сметаат дека овој декрет е нелогичен и несоодветен. Што навистина стои зад сето ова?

Туристите ќе платат 3 евра за влез во Венеција во периодот од годината кога не е врв на сезоната, и 8 и 10 евра во периодите од годината кога бројот на посетители ги надминува реалните капацитети на градот. Исто така, од 2022 година, покрај плаќањето влезница, туристите ќе треба да направат и онлајн резервација за да можат воопшто да влезат во Венеција. Се разбира, локалните жители и нивните роднини, како и туристите кои престојуваат преку ноќ во Венеција, не би платиле дневни билети.

Венеција ќе стане првиот град  што наплаќа влезница. Некои ја поддржуваат таквата одлука бидејќи е Град музеј, додека други кои се противат велејќи дека Венеција ќе стане Градски забавен парк. 

Оваа мерка најмногу се однесува на туристите кои доаѓаат еден ден и не плаќаат данок за престој бидејќи не преноќуваат, што е ист случај со гостите кои доаѓаат од бродови а крстарење.

Венеција има над 30 милиони туристи секоја година, преку 10 милиони ноќевања и практично целата економија е директно зависна од туризмот, кој генерира околу 3,3 милијарди долари годишно.