Венецуела нема да ја одобри вакцината на AstraZeneca

21

Венецуела нема да ја одобри вакцината на AstraZeneca против коронавирусот, изјави потпретседателката на земјата, Делси Родригез, а како причина за таквата одлука ги наведува “последиците што вакцината ги имала врз пациентите“.

Нејзиниот коментар следи откако неколку европски земји ја запреа имунизацијата со таа вакцина по извештајот за коагулација на крвта кај пациенти кои ја примиле, пренесува Ројтерс.

Други земји, како што се Канада и Австралија, продолжија со нејзина употреба во процесот на вакцинирање на населението.

Венецуела досега ги користела само руската вакцина Sputnik V и кинеската Sinopharm во рамки на својата кампања за вакцинирање.

Фото: Pexels