
Околу половина од нафтата произведена во Венецуела моментално се извезува во Соединетите Американски Држави, изјави во вторник заменик-министер за енергетика на САД, Кајл Хауствеит, додавајќи дека земјата произведува околу 1,25 милиони барели дневно.
„Во изминатите неколку месеци, над 500.000 венецуелски барели, или приближно половина од производството на таа земја, беа испорачани во САД до рафинерии изградени за тој вид нафта“, рече Хауствеит на настан во Хјустон.
Од друга страна, повеќе од 100.000 барели американска лесна фракција нафта се испорачуваат во Венецуела дневно од САД, која потоа се меша со тешка венецуелска нафта со цел да се олесни производството таму, рече заменик-министерот за енергетика.
„Тоа е прекрасно енергетско партнерство. Има смисла со оглед на растојанието. Работиме на отворен пазар. Вистинската вредност се создава од двете страни на трговијата. Не мислам дека постои поедноставно партнерство“, рече Хауствеит.
Американскиот функционер, пишува Хина, го нагласи напредокот што го постигна Венецуела и истакна дека ќе се почитува неповредливоста на договорот.











