Венецуела ќе одобри истражување на нафта во спорната област, протестира Гвајана

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека ќе одобри истражување на нафта и гас во спорна област на територијата на соседна Гвајана и покрај несогласувањето на Меѓународниот суд на правдата (МСП).

Венецуелската државна нафтена компанија PDVSA и државниот производител на железо и челик CVG ќе го поделат спорниот регион, ќе создадат подружници и „да продолжат да даваат оперативни дозволи за истражување на нафта, гас и рудници“ во областа, рече Мадуро на државната телевизија, пренесе Ројтерс.

Гвајана протестираше против овие изјави на Мадуро и најави дека ќе поднесе жалба на неговите коментари до Обединетите нации и МСП.