Венецуела може да го зголеми производството на нафта за 25 отсто доколку американските санкции бидат ублажени

Венецуела би можела да го зголеми производството на сурова нафта за 25 отсто од сегашните нивоа доколку привременото ослободување од нафтените санкции на САД стане трајно, според консензусната прогноза на аналитичарите анкетирани од Блумберг.

Сегашното производство на нафта во Венецуела се проценува на околу 800.000 барели дневно (bpd).

Олеснетите санкции ќе ѝ овозможат на јужноамериканската земја, која има најголеми резерви на сурова нафта во светот, да го зголеми производството за 200.000 барели дневно, велат аналитичарите, иако не е сигурно колку брзо би можела да го постигне тоа, пишува Блумберг.

САД привремено ги укинаа санкциите за венецуелската нафтена индустрија, откако владата на претседателот Николас Мадуро постигна договор со опозицијата што ќе овозможи одржување избори следната година.

Олеснувањето на санкциите би можело да го зголеми американскиот увоз на тешка сурова нафта од Венецуела, а единствената западна компанија на која администрацијата на Бајден ѝ дозволила да извезува нафта од оваа јужноафриканска земја е енергетскиот гигант Шеврон, пренесува Танјуг.