Venture – систем што ги чува велосипедите од кражба

24

feature_featureimg

Фото: goLock

goLock е компанија со седиште во Тексас којашто креираше систем што ги чува велосипедите безбедни, пишува New Atlas. Venture спречува кражба со тоа што го известува корисникот преку апликација за смартфон и вклучува звучен аларм.

Системот вклучува и челичен кабел обложен со гума (достапен во четири должини и две дебелини), челичен катанец и електронски уред со водоотпорна батерија.

Кабелот се замотува околу предметот што треба да се обезбеди и околу околните предмети. Потоа, се заклучува Venture и доколку некој се обиде да го фаќа катанецот или било кој дел од системот сензорите веднаш го детектираат. Следува вклучување на аларм од 95 децибели, а корисникот добива и известување преку iOS/Android апликација на телефонот.

Апликацијата овозможува да се провери батеријата на системот, дали сè е во ред и да се ослободи велосипедот во случај некој познат да сака да го користи. Батеријата со едно полнење може да издржи седум дена, но и доколку не издржи кабелот и катанецот ќе го чуваат велосипедот безбеден, без аларм или известување.

Системот за чување на велосипеди може да се нарача во претпродажба по цена за 55 долари помалку од продажната цена којашто ќе изнесува 239,95 долари.