Вердо: Прагматизмот е потребен ако сакаме да постигнеме иднина без чад

„Свесен сум дека откажувањето од цигарите секогаш ќе има значајно влијание, имајќи предвид дека имаме земји каде 40% од возрасната популација консумира цигари, а тоа може да го отежне нашето патување кон свет без чад. Но, оваа цел е како слетувањето на Месечината, нешто претходно недостижно, сега е достижно, и верувам дека ќе го направиме истото со отстранување на цигарите од употреба засекогаш“, рече Грегоар Вердо, сениор потпретседател за надворешни работи во Филип Морис Интернешнл (PMI). во интервју за „Локално“ на Technovation, конференција организирана во Нојшател (Швајцарија), во центарот за истражување и развој на PMI.

За тоа дали мисли дека целта за свет без чад е остварлива во следните 10 години, и кој е губитник, а кој е победник во таа реалност Вердо вели

Ова прашање е интересно. Како што знаете, целта на нашата компанија е до 2030 година, две третини од нашиот приход да доаѓа од производи без чад. Трансформацијата на Philip Morris International за свет без чад стана препознатлива и за која се зборува, но за да се постигне тоа ни треба ресетирање на моментната ситуација. За почеток треба да им се објасни процесот на трансформацијата на тутунската индустрија на целокупната јавност и владите, проследена со соодветна регулатива за овие производи. Во оваа област се соочуваме со проблеми, како што е создавањето на црн пазар каде што може да се најдат секакви производи. Треба да бидеме многу внимателни, а владите не треба да вршат преголем притисок на легалните пазари на цигари и уреди, за да не ги принудува луѓето да ги купуваат нивните производи на црниот пазар.
Потребен ни е и конструктивен дијалог, заснован на наука, а не на дезинформации и предрасуди.
Ако сето ова се менаџира правилно, ако постои вистинска политичка волја, а целата заедница е посветена на истото, тогаш би можеле да ја запреме продажбата и конзумирањето цигари. Ова е остварливо.