Verizon го купува Yahoo со попуст од 350 милиони долари

45

jahu

Американската телекомуникациска компанија Verizon го купува интернет гигантот Yahoo за 4,48 милијарди долари, што е за 350 милиони долари помалку во однос на првичниот договор. Попустот е поради тоа што Yahoo претрпе две големи кризи предизвикани од хакерски напади, пишува BBC.

Од Yahoo минатата година признаа дека во 2013 година претрпеа голем хакерски напад што се одрази на милијарда кориснички сметки, а истото им се случи и во 2014 година, но тогаш бројот на погодени корисници беше за половина помал.

По продажбата, Verizon ќе го смени името на Yahoo во Altaba.