Versos 1891 – најскапото шери во светот

23

Versos_0060-640x421Шпанската винарија Barbadillo го претстави најскапото шише шери во светот – Versos 1891, пишува Loffit.abc. Пијалакот е ретка мешавина којашто содржи 125 години стара комбинација, а едно шише чини 10.000 евра.

Бројот 1891 е годината кога за прв пат била направена оваа мешавина од страна на фамилијата Барбадило. Ова шери има прилично интензивен вкус и врвен квалитет и токму затоа во продажба се пуштени само 100 вакви шишиња.

Пијалакот е спакуван во кристално шише во облик на мастилница, а истите се рачно изработени од португалски стаклари, додека кутијата во којашто е сместено шишето е направена од шпанска кожа. Оние што сакаат да купат вакво шише тоа можат да го направат во продавниците Bodegas Barbadillo и кај неколку одбрани препродавачи низ светот.