Вештачка интелигенција наспроти проширена реалност

71

Денес сè почесто се среќаваме со термините вештачка интелигенција (Artificial Intelligence) и проширена реалност (Augmented Reality).

Кое е точното значење на двата поима и што тие претставуваат?

Вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција (ВИ) може да се дефинира како машина којашто умее да прави интелигентни работи, односно да извршува задачи за коишто е потребно човечко резонирање. Роботите сè повеќе почнуваат да ги заменуваат луѓето, особено кога станува збор за извршување на репетитивни задолженија. Сепак, еден робот не може да се нарече машина со ВИ доколку не умее да примени логика и етика во работењето.

Вештачката интелигенција умее да разликува добро од лошо, односно сама да дефинира од контекстот дали станува збор за нешто морално или неморално. Овој вид на машина самостојно одлучува што следно треба да се преземе во дадена ситуација.

Многу од денешните примери на вештачка интелигенција се потпираат на длабинското учење и процесирање на природните јазици. Со нивна помош компјутерите можат да се “истренираат“ за да изведуваат специфични задачи преку обработка на голем број на податоци и препознавање на нивните шеми. Машините, односно компјутерите со вештачка интелигенција умеат да препознаат говор, да учат, да планираат и да решат одреден проблем.

Проширена реалност

Проширената реалност наједноставно може да се објасни како вид на интерактивна слика од реалноста претставена на дисплеј. Добиената слика компјутерски генерира звук, текст и ефекти за да го “појача“ искуството на корисникот со реалниот свет.

За оваа цел проширената реалност комбинира реални и компјутерски сцени и слики. Таа има многу различни модели и апликации за имплементација, но примарна цел е да обезбеди богато аудиовизуелно искуство.

Оваа технологија функционира на тој начин што користи компјутеризирана симулација и техники од типот на препознавање на слика и говор, анимација и уреди што се управуваат со глава или рака, со цел да прикаже виртуелен дисплеј врз реални слики. Таа е комбинација на виртуелна реалност и она што навистина се случува.

Фото: Pexels