Вештачката интелигенција може да загрози дури 40 отсто од работните места

52

Речиси 40 отсто од работните места ширум светот би можеле да бидат погодени од порастот на вештачката интелигенција (ВИ), тренд што веројатно ќе ја продлабочи нееднаквоста, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во неделниот блог пост, шефицата на ММФ Кристалина Георгиева ги повика владите да воспостават мрежи за социјална заштита и да понудат програми за преквалификација за да се спротивстават на влијанието на вештачката интелигенција.

– Во повеќето сценарија, вештачката интелигенција веројатно ќе ја влоши севкупната нееднаквост, што е загрижувачки тренд што креаторите на политиката мора проактивно да го решат за да спречат технологијата дополнително да ги подгрева социјалните тензии – напиша таа пред Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Швајцарија.