Вештини со кои ќе го воодушевите секој шеф

53

Сајтот за понуда и побарувачка на работа во Ирска, Jobs.ie, открива кои вештини се вреднуваат кај работниците од речиси секој работодавач.

Не би било лошо да ги примените, доколку сакате да постигнете успех на идното работно место, односно интервју за работа.

На прво место е мотивацијата, за која главниот менаџер на страницата Jobs.ie, Кристофер Паје, тврди дека е многу важна.

– Кога работодавецот ќе види дека сте мотивирани да работите, тој веднаш е спремен да ве вработи, вели тој.

За време на пандемијата се покажа колку вработените ја ценат флексибилноста, иако во друга насока во споредба со нивните шефови. Но, доколку најдете компромис, обидете се да се сретнете со претпоставениот и со колегите.

Ако релативно лесно се прилагодувате на промените во компанијата, работниот распоред и задачите – тоа е дефинитивно голем плус.

Вниманието на деталите е вештина која на многумина им недостига.

Додека се обидуваат да ги „одработат“ главните делови од работата, работниците често пропуштаат ситници кои можат да бидат многу важни. Искусните шефови можат да го ценат тоа. Паје вели дека е важно да се тргне од самото пишување на CV-то: „Ако видам дека CV-то е полно со граматички грешки, веднаш го фрлам, без разлика на сè друго“, вели тој.

Исто така, секој работодавач, несомнено, сака вработен отворен, комуникативен, кооперативен, добар тимски играч. Сето ова е дел од т.н социјалната интелигенција. Треба да знаете како да се поврзете со луѓето и да градите добри односи.

Без разлика колку сте добри во вашата работа, ако имате лош карактер или едноставно „не можете да се справите со луѓето“ – нема да бидете конкурентни.