Ветерната енергија во 2024 година нема да биде профитабилен бизнис

Ветерната енергија годинава нема да биде профитабилен бизнис, ако се суди според најавите на трите водечки светски компании кои се занимаваат со производство на опрема за ветерни електрани или нивна изградба. Доцнењето на завршувањето на проектите, проблемите со опремата и инфлацијата ќе донесат тешкотии. Како што објави Ројтерс, Siemens Energy, најголемиот светски производител на офшор ветерни турбини, очекува загуба од две милијарди евра во 2024 година. Најголем товар на таа компанија е подружницата на Siemens Games, каде проблемите со квалитетот на некои модели на ветерници доведоа до значителна криза во бизнисот.

Иако и понатаму постои силна глобална побарувачка за технологија за обновлива енергија, зголемените цени на компонентите и регулаторните проблеми резултираа со отписи и загуби низ индустријата. Овие проблеми ќе продолжат, тврди Хенрик Андерсен, извршен директор на данската компанија Вестас, која е водечки светски производител на ветерни турбини. – Континуираната геополитичка нестабилност, како и бавното издавање на дозволи и инвестициите во проширување на дистрибутивната електроенергетска мрежа, се очекува да предизвикаат неизвесност во 2024 година – рече Андерсен.

Орстед, најголемиот светски развивач на офшор ветерни електрани, најави „пребарување“ на своето портфолио, како и отпуштање на дел од својата работна сила поради големиот отпис на задоцнетите проекти во САД. Данската компанија објави дека има за цел да ги намали фиксните трошоци за 1 милијарда круни (144 милиони долари) до 2026 година, што може да вклучи отпуштање помеѓу 600 и 800 работници.