Ветерот во Балтичкото Море има капацитет од 90 нуклеарни централи

62

Зафаќањето на енергијата на ветерот од брегот е од витално значење за зелената транзиција, изјави во вторникот германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, пренесува ДПА.

Морските ветрови и сончевото зрачење, се основата на енергетската транзиција на Германија.
„Ова море е богатство кое сите го споделуваме и што можеме подобро да го користиме. Морето е богатство на зелена енергија“, рече Бербок на конференцијата за енергијата на ветерот во Балтичкото Море.

„Европската комисија го проценува капацитетот на енергијата на ветерот во Балтичкото Море на повеќе од 93 гигавати. Тоа одговара на производството на околу 90 просечни нуклеарни централи“, рече Бербок.

Фото: Pixabay