Vi – еластична кутија за храна што ја собира во џеб

60

Фото: Kickstarter

Vi е кутија за храна што е доволно мала за да може да се смести во џеб, со димензии од само 14.5x12x1см.

Кутијата во внатрешноста има кеса што се затвора херметички и не пропушта вода, па може да се ставаат и течности, а заедно со неа доаѓа и вилушка.

Vi се мие и во машина за садови, а може да се стави и во микробранова печка. Еколошка е и корисникот може да ја употребува неограничено долго.

Производот е изработен од полипропилен, материјал што е безбеден и не содржи никакви штетни материи. Моментално е достапен во 6 бои: жолта, розова, црвена, зелена, сина и бела.

Кутијата за храна е дело на старт-ап со седиште во Рим, Италија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 7.022 долари од потребните 7.044 долари, а кампањата трае уште 24 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.