Апликациите за пораки постојано треба да ги подобруваат своите функции за да останат конкурентни – најновата е Viber, која воведе опција за која се надева дека ќе им се допадне на корисниците.
Како што објави порталот NeoWin, Viber воведува опција наречена Folders, која се фокусира на организирање разговори.
Опцијата Folders им овозможува на корисниците да ги категоризираат разговорите според критериуми кои им одговараат и да управуваат со нив во повеќе папки.