Viber ќе добие нов сопственик?

32

viberИзраелската компанија Viber чија мобилна апликација им дозволува на корисниците бесплатно да телефонираат и да праќаат пораки, е во преговори со потенцијален кинески купувач. Се претпоставува дека сумата за продажба се движи околу 300 милиони долари, пишува Haaretz.

Viber е приватна компанија основана во 2011 година од претприемачот Талмон Марко со партнери од израелската компанија iMesh, една од најголемата медиумска компанија во Израел, а регистрирана е на Кипар.

Viber има околу 200 милиони регистрирани корисници во 193 земји. Откако лансира апликација за персонални компјутери, му стана сериозна закана на Skype.