Viber овозможува групен разговор со една милијарда членови

27

Фото: Facebook

Апликацијата за размена на пораки, Viber воведува можност за отворање група со рекордни милијарда членови, пишува Phone arena.

Со воведување на Viber community, оваа апликација ќе биде прва од ваков вид во светот, преку којашто една милијарда корисници ќе можат во една група да разменуваат пораки.

Сè уште не е јасно како ќе може да функционира еден групен разговор со милијарда корисници. Viber, исто така, најави дека ќе воведе нова функција преку којашто ќе може да заработуваат оние кои ќе креираат голема група за разговор.

Секој корисник на Viber ќе ја има можноста да отвори група со една милијарда членови за било каква намена: спорт, патувања, игри, филм…

За разлика од вообичаените групи, Viber community ќе има подобрени функции за групен разговор.