Апликацијата Viber за бесплатни меѓународни повици преку интернет (VoIP) и за размена на пораки, одбележува 10 години постоење.
“Влијанието што Viber го има на глобалниот пазар на телекомуникации најдобро го илустрираат податокот дека во изминатата деценија преку апликацијата се остварени повеќе од една илјада милијарди бесплатни минути гласовни повици, што одговара на телефонски повик во траење од две милиони години“, смета Џамел Агау, генерален директор на Viber.
Набрзо по лансирање на VoIP, Viber се претвори во џиновска платформа за размена на пораки, преку која редовно се разменуваат илјада милијарди поради.
Во текот на годината, креативниот тим на Viber, што брои 800 членови, го унапредува безбедносниот аспект на апликацијата, ја штити приватноста на корисниците, а во 2016-та година воведе и дополнителна заштита, којашто овозможува само двајцата соговорници да ги читаат пораките што се разменуваат, па дури ниту инженерите на Viber не се во можност да пристапат до содржините и повиците.
Оваа година дополнително ја зголемија приватноста на апликацијата, додавајќи ја опцијата пораките да исчезнуваат, односно сами да се уништуваат откако ќе бидат испратени.
Станува збор за платформа за инстант пораки, аудио и видео повици формирана од страна на јапонската мултинационална компанија Rakuten. Она што на корисникот му е неопходно е да има телефонски број за да може да испраќа пораки или видеа.
Почетоците на Viber датираат од 1998 година, кога Талмон Марко и Игор Магазник, инаку пријатели од израелските одбранбени сили, ја основаа компанијата Viber Media со седиште во Тел Авив. Компанијата беше управувана во Израел, а користени биле ресурси од Белорусија, со цел да се намалат трошоците за работна рака.
На почетокот, Viber не беше атрактивен за корисниците и не генерираше приходи. Веќе во 2013 година, се инвестирани 20 милиони долари во компанијата, а се ангажирани околу 120 вработени. Една година подоцна, односно во февруари 2014-та, јапонски Rakuten објави дека го презема Viber Media за 900 милиони долари.
Фото: Facebook