Viber со нови опции за бизнис комуникација

74

Viber претстави нова група на опции за помош со коишто корисниците едноставно ќе можат да пронајдат важни информации во рамки на деловните разговори, како и да одговорат на конкретни пораки во конверзација со брендовите.

Pin to top опцијата (закачи на врв) за пораките што Viber ги воведе за бизнис разговори на корисниците им овозможува да не пропуштат клучни информации, со што може да се постават на врвот одредени пораки во рамки на конверзацијата со брендот, соопштуваат од Rakuten Viber.

На располагање им е и новата опција на врвот да се закачи и цела низа од пораки (thread) односно дел од разговорите, како што се можностите од секојдневните конверзации со пријателите.

На пример, корисникот и кој закажува тест во лабораторија или резервира хотелска соба ќе има брз пристап до конкретната порака со детали за закажан тест или хотелски резервации.

Корисниците од сега може и да одговараат на конкретна порака во рамки на разговорот, што им овозможува и корисниците и на брендовите подобро да го следат текот на конверзацијата.

Фото: Pexels