Фото: Viber.com
Сервисот за размена на пораки и повици, Viber воведува новитет за своите корисници без оглед на тоа каде се наоѓаат. Станува збор за услугата Viber local number, односно виртуелен број на земјата во којашто се наоѓа корисникот, преку опцијата Viber Out.
На овој начин, корисниците кои често патуваат во странство ќе може да примаат повици и пораки, без дополнителни трошоци или роаминг.
Во делот за подесување се избира опцијата Viber local number, па може да се избере земјата или областа во којашто се наоѓа корисникот за да може да разговара без никаков проблем.
“Секој кој го повикува овој број може да бе добие како и преку било кој друг локален број, па ќе добиете повик или порака преку Viber. Она што е неопходно е да се има активна конекција на интернет“, стои на официјалниот блог на Viber.
Во рамки на кампањата за воведување на оваа услуга, Viber ќе понуди промотивна претплата за првите 10.000 корисници по цена од 1,99 долари месечно. По промотивниот период, оваа услуга ќе чини 4,99 долари месечно.