Видео: 15 недовршени облакодери во Кина срушени за 45 секунди

155

Дури 15 облакодери во Кина, кои се дел од недовршениот проект, беа минирани за само 45 секунди поради недостатоци во изградбата.

Облакодерите беа дел од недовршениот проект Лианг Стар Сити, кој е започнат во 2011 година. Овој проект е вреден 154 милиони долари, а често бил прекинуван и по промената на сопственоста, па дури и по интервенција на владата не е продолжен од крајот на минатата година.

Тогаш сопственичките права ги откупила една компанија, но со оглед на тоа дека проектот не ги задоволувал барањата на пазарот, а подоцна е утврдено дека темелите се изложени на вода и не е можно да се извршат поправки, одлучено е комплексот да се урне користејќи експлозив, пишува Taiwan News.

Зоната на самата експлозијата изнесувала околу 500.000 квадратни метри и претставува најголемата зона на уривање во Кина. Евакуирани се околу 2.000 домаќинства, а во рушењето користено е 4,6 тони експлозив, поставен на 85.000 места во 15 облакодери.