Видео: Авто – пилотот на Tesla Motors ќе ве одвезе на работа и ќе паркира наместо вас

38

tesla

За разлика од првата верзија што се користеше само на автопат, новиот авто – пилот на Tesla Motors може да ве одвезе од домот до работа, да пронајде паркинг место и самостојно да го паркира автомобилот додека вие сте веќе во канцеларија.

Новиот, целосно автономен систем на управување на возило што Tesla Motors го претстави минатата недела, како што тврди сопственикот на компанијата Илон Маск, е побезбеден за сообраќај. Новиот авто-пилот ќе почне да се вградува во новите модели на автомобилите, но нема да биде пуштен во функција додека компанијата не заклучи дека софтверот е целосно безбеден.

Авто – пилотот ќе биде опремен со 12 ултрасонични сензори за подобро препознавање на објекти. Вградени се и осум камери кои имаат видно поле од 360 степени, а подобрен е и компјутерот кој сега е 40 пати побрз.