(Видео) Часовник Bugatti Tourbillon кој чини 340.000 долари

262

Компанијата Jacob & Co, го претстави новиот часовник Bugatti Tourbillon. Станува збор за часовник кој „ги покажува достигнувањата, комплексноста и дизајнот на најновиот хипер автомобил на Bugatti, кој го носи истото име“.

Има куќиште од црн титаниум, како и сафирен блок на мотор со 16 клипови исто така од титаниум. Посебно внимание привлекува анимираната секвенца од 20 секунди, која го прикажува моторот во работа. Тоа е своевидно уметничко дело, неизмерно посебно денес во ерата на паметните часовници.

Часовникот има 557 компоненти, а елементите на дизајнот се „извлечени“ од карактеристиките на автомобилот. На овој часовник се работело цели 18 месеци во соработка со дизајнерскиот тим на Bugatti. Производството е ограничено на 150 примероци, секој по цена од 340.000 долари.