(Видео) Чешка го отвори најдолгиот висечки мост во светот

221

Чешка отвори рекорден долг висечки мост. Мостот „Скајбриџ 721“ на североистокот од земјата им овозможува на планинарите кратенка низ облаците со феноменален поглед на врвовите на планината Кралички Снежник.

Мостот е вистинска атракција и се протега на 721 метар меѓу два планински сртови, а се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава и ја премостува долината на Млиничката долина на височина од 95 метри.

„Скајбриџ 721“ е изграден во близина на видиковецот Скајволк, платформа висока 55 метри од која можете да се лизнете по тобоган од 100 метри.

Инаку, изградбата на овој мост чинеше околу 8,4 милиони долари и траеше две години, пренесуваат медиумите.