Видео: Google го претстави прототипот на мобилен телефон на расклопување

22

project-ara-prototype

Проектот Ara на ИТ гигантот Google е амбициозен план за составување паметен мобилен телефон од повеќе делови, што можат да се менуваат.

Идејата е да се создаде мобилен телефон со индивидуални компоненти, како што е процесор, екран или камера, што можат да се заменат со други делови, во зависност од желбата на корисникот, пишува порталот Mashable.

Последниот прототип во рамки на овој проект е Spiral One, што претставува најфункционален модел досега. Составувањето на деловите оди мошне лесно, а мобилниот телефон веднаш е функционален.

Од Google најавуваат дека благодарение на новите чипови од Toshiba следниот прототип ќе биде уште помоќен. Тој прототип, во рамки на проектот Аra, се очекува да биде откриен на конференцијата за развој во јануари.