Видео: Кинези “испечатија” автомобил што чини само 1.770 долари

21

2

Кинеската компанија Sanya Sihai го претстави својот прв автомобил испечатен на 3Д печатач, чие производство чини само 1.770 долари. Возилото со отворен покрив и без класични врати е долго 3,6 метри, широко 1,63 метри и може да превезе двајца, пишува RT.

3

За изработка (печатење) на каросеријата, направена од евтини композитни материјали, биле потребни пет дена, а за да се направи целиот автомобил биле потребни 1,5 месеци. Автомобилот како погон користи електрична енергија (батерии), а максималната брзина што може да ја достигне е 40 километри на час.