Висококатница од 57 ката која беше изградена за само 19 дена го постави новиот светски рекорд. Облакодерот се наоѓа во Чангша, југоисточна Кина и е составен од лего монтажни блокови.
“Зданието со градеше со брзина од три ката на ден”, изјавија од компанијата одговорна за проектот, Chinese Broad Sustainable Building.
Облакодерот зафаќа површина од 180.000 метри квадратни, а располага со деловен простор за 4.000 луѓе и станбен простор за 800 домаќинства.
Од компанијата тврдат дека станува збор за еко-градба, односно дека монтажните лего блокови кои се нејзин составен дел, го намалиле користењето на бетон за 15.000 камиони и придонеле облакодерот да се изгради без кревање на прашина.
Загаденоста на воздухот е голем проблем во Кина која има повеќе од 1,3 милијарди жители. Токму тоа била причината да се изгради облакодер во кој воздухот внатре ќе биде почист од оној надвор, благодарение на цврстата конструкција и вградениот систем на климатизација.