Видео: Кинезите поставија нов рекорд – облакодер изграден за само 19 дена

11

chinese-skyscraper-19-days.siВисококатница од 57 ката која беше изградена за само 19 дена го постави новиот светски рекорд. Облакодерот се наоѓа во Чангша, југоисточна Кина и е составен од лего монтажни блокови.

“Зданието со градеше со брзина од три ката на ден”, изјавија од компанијата одговорна за проектот, Chinese Broad Sustainable Building.

ht_chinese_building_mini_sky_city_04_jc_150311_16x9_992

Облакодерот зафаќа површина од 180.000 метри квадратни, а располага со деловен простор за 4.000 луѓе и станбен простор за 800 домаќинства.

Од компанијата тврдат дека станува збор за еко-градба, односно дека монтажните лего блокови кои се нејзин составен дел, го намалиле користењето на бетон за 15.000 камиони и придонеле облакодерот да се изгради без кревање на прашина.

Загаденоста на воздухот е голем проблем во Кина која има повеќе од 1,3 милијарди жители. Токму тоа била причината да се изгради облакодер во кој воздухот внатре ќе биде почист од оној надвор, благодарение на цврстата конструкција и вградениот систем на климатизација.