(Видео) Куќата во која беше лансиран Amazon се продава за 2,3 милиони долари

43

Џеф Безос поседува голем број луксузни имоти вредни стотици милиони долари, но една куќа поврзана со основачот на Amazon штотуку се појави на пазарот по цена од „само“ 2,3 милиони долари, како што пишува Business Insider.

Куќата претставува важен дел од историјата на Амазон. Во гаражата на куќата во која живеел Безос во текот на 1990-тите, Амазон е основан во 1994 година.

Парот Безос ја изнајми оваа куќа со скромен изглед од речиси 150 квадратни метри за 890 долари месечно.
Домот е изграден во 1954 година, но е реновиран во 2001 година, според огласот на Zillow.