Производството на Москвич повторно започна во Москва, во фабрика чиј поранешен сопственик е Рено, кој ја напушти Русија по агресијата на таа земја врз Украина.
Првиот автомобил што излезе од производствената лента беше кросоверот Москвич 3. Неговото производство официјално беше промовирано од градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров.
Продажбата на Moskvich ќе започне во јануари 2023 година, а од март овој автомобил ќе биде достапен за клиентите ширум Русија, дознава порталот RT.
Мантуров, исто така, истакна дека производството на електрични автомобили, кое ќе биде лансирано на крајот на 2025 година, ќе стане приоритет на фабриката.
Компанијата ќе обезбеди работа за околу 40 илјади луѓе.