Јапонската филијала на швајцарскиот прехранбен гигант Nestle соопшти дека ќе “вработи” роботи да помагаат при продажба на апарати за кафе во продавниците за електронски уреди и бела техника во Јапонија. Нововработени ќе бидат паметните роботи Pepper, кои неодамна ги претстави SoftBank Corp, јавува Ројтерс.
Од швајцарската компанија соопштија вчера дека за почеток, во декември ќе постават 20 Pepper роботи да комуницираат со клиентите и да ги промовираат Nescafé апаратите. До крајот на следната година, Nestle планира да има роботи кои ќе работат во 1.000 продавници.
“Се надеваме дека овој нов вид на услуги на клиентите ќе го прошириме во целиот свет како јапонска иновација”, изјави претседателот на Nestle Јапонија, Коџо Такаока во соопштението.
Ова е прв пат роботи да бидат користени како продавачи. Роботот, опремен со таблет, ќе биде способен на купувачите да им објаснува за различни производи на интерактивен, скоро природен начин.