Видео: Ослободете се од стресот за седум минути

21

stres

Фото: YouTube

Експерти од областа на медицината, психологијата, природна и музичка терапија тврдат дека заеднички успеале да снимат филм што ќе ве опушти и накратко ќе ги намали негативните последици од стресот.

Кога го снимиле филмот, го прикажале на група вработени. Додека го гледале филмот, ги следеле нивните реакции и ритамот на срцето. Во седум минути гледање, на публиката пулсот се забавил за 10%, а кај некои и до 25%.

Видеото е снимано во Данска, во рамки на проектот VisitVestsjælland.

Погледнете и проверете дали ќе делува и на вас.