(ВИДЕО) Oтворен Пељешки мост- тежи 30 Ајфелови кули, а вреди 420 милиони евра

376

Синоќа свечено беше отворен Пељешкиот мост, еден од најважните инфраструктурни проекти што ќе го поврзе југот на Хрватска со остатокот од земјата.

Свеченото отворање беше одбележано во текот на целиот ден со програма што се одвиваше од двете страни на мостот.

Главното отворање започна во 20 часот и 15 минути, а кулминираше околу 22 часот кога хрватскиот суперавтомобил Римац Невера прв го премина мостот со спектакуларен огномет.

Среде пељешкиот мост, Невера поминала покрај автомобил управуван од легендата на Хрватскиот автомобилизам хрватскиот возач Нико Пулиќ, објави Индекс.

Мостот, чија целата челично-бетонска конструкција под и над водата заедно тежи 30 Ајфелови кули, е најголемиот хрватски инфраструктурен проект финансиран од фондовите на ЕУ со грант од 357 милиони евра (85 отсто од трошоците), а неколку владите работеа на тоа. Вкупната цена на мостот е 420 милиони евра.

Пељешки мост е долг 2. 404 метри и спојува два брега кои се оддалечени 2 .140 метри. Објектот е од исклучително стратешка вредност за Хрватска бидејќи го поврзува северот со југот на земјата. Во тој дел на Јадранското море, мало крајбрежје има Босна и Херцеговина кај Неум. Така, за да се стигне по копно до Дубровник од Сплит, мораше да се помине граница и да се влезе во БиХ, а после неколку километри да се излезе од БиХ и да се влезе во Хрватска. Со мостот, практично се заобиколува Неум преку полуостровот Пељешац. Мостот е висок 55 метри со што се задоволени барањата на Босна и Херцеговина – мостот да не го попречува бродскиот сообраќај кон Неум.