Видео: Претставена електричната Lada

Компанијата „АвтоВАЗ“ го претстави првиот прототип на електричниот автомобил „ Lada e-Largus во фабриката во Ижевск.

„Не би сакал да ја погодувам цената, но би можел да кажам дека ќе биде конкурентна. Прво, затоа што се работи за автомобил од домашно производство, а второ, сметаме на максимална поддршка од државата. Затоа, во согласност со прогнозата за инфлацијата за 2024 година, сè уште е рано да се објави цената, но се фокусиравме да го направиме најевтиниот руски електричен автомобил“, изјави директорот на компанијата Максим Соколов, пренесува Спутник.

Lada e-largus е руски електричен автомобил, за разлика од сите неодамна претставени проекти на други производители кои склопуваат автомобили од делови од странство.

АвтоВАЗ овој проект го најави уште во август, кога исто така информираше дека производството на Lada Vesta е префрлено на Тољати.

Планот е првата серија прототипови на електрични автомобили да биде произведена на крајот на 2023 година.

„Lada e-largus“ ќе се произведува во верзии на патнички автомобили и комбиња, а прототипи изведбите на електричниот автомобил во моментов се тестираат на терен и се тестираат во лаборатории.

Капацитетот на литиум-јонската батерија е 60 kWh, а досегот со едно полнење – најмалку 400 km во циклусот NEDC.

Максималната брзина е електронски ограничена на 145 km/h, додека забрзувањето до 100 km/h би требало да трае помалку од десет секунди.

Сериското производство на електричниот автомобил ќе започне во 2024 година, нагласи Соколов.