Видео: Прототип на првиот турски автомобил на патеката на Формула 1

180

Раководството на TOGG објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа прототипот на првиот турски автомобил TOGG кој се движи на патеката на Истанбул Парк, каде што се возат трки во Формула 1, јавува Anadolu Agency (AA). Видеото покажува нови детали во врска со процесот на производство и склопување на турскиот автомобил, а потоа прикажува прототип на TOGG кој се движи на патеката Истанбул Парк.

„Нашиот паметен теренец, чии лиценци за електронскиот и механичкиот систем и процесот на производство на функционални прототиповизавршени во Турција, е одобрен. Ги испративме нашите функционални прототипови до акредитирани центри за тестирање за да ги провериме тестовите за безбедност, термички и динамички перформанси и издржливост“, велат од TOGG менаџментот.

Видеото покажува како инженерите на TOGG го подготвуваат возилото за возење од самиот почеток на производството за конечно да го тестираат возилото на патеката Истанбул Парк.

Првиот автомобил се очекува да излезе во последниот квартал на 2022 година. Годишниот проектиран производствен капацитет ќе биде 175.000 возила, за што ќе бидат ангажирани 4.300 работници.