Видео разговори – уште еден новитет на Facebook messenger

26

messenger-video-call2

Една од најпопуларните социјални мрежи во светот воведува нова опција. Станува збор за видео разговори на Facebook преку messenger, пишува Facebook newsroom.

Благодарение на овој новитет, корисниците со еден клик може да започнат видео разговор.

“Доколку се допишувате со некого и во еден момент сфатите дека зборовите не се доволни, може едноставно да ја кликнете опцијата видео во десниот агол на екранот, по што веднаш започнува видео разговорот“, се наведува на порталот каде што Facebook ги објавува сите новитети.

messenger-video-call1

Messenger веќе им нуди опција на своите корисници да ги слушнат своите пријатели ширум светот, а со оваа новина се овозможува комуникација во реално време на повеќе од 600 милиони корисници.

Видео разговорите на Messenger се достапни и во комуникацијата меѓу корисниците кои имаат различен оперативен систем на нивниот паметен телефон.