Видео: Роботски самополовечки такси чамци ќе запловат низ каналите во Амстердам

103

Посетителите на Амстердам наскоро може да видат самоуправувачко водено возило со големина на мал автомобил кој тивко крстари низ неговите канали, превезувајќи патници и товар или ѓубре.

„Имаме многу патен сообраќај и метеж, е-трговија, логистиката ги преполни малите улици во градот“, рече Стефан ван Дијк, директор за иновации на Институтот за напредни решенија во Амстердам, кој работи роботски дизајн и инженеринг со Институтот во Масачусетс (MIT).

„Во исто време имаме доста отворена вода во каналите… така што развивме самоуправувачки, автономен брод кој ќе помогне да се развезуваат луѓе низ градот, како и за логистика“.

По четири години тестирање со помали верзии и доработка на концептот, производителите ги покажаа првите два функционални роботи.

Една од првите тест-апликации би била за скромна, но важна задача: собирање ѓубре.

Работата најчесто ја вршат камиони, но тие претставуваат опасност по безбедноста и предизвикуваат метеж во тесните улички на градот. Наместо тоа, роботите стационирани на крајбрежјето ќе служат како лебдечки корпи за ѓубре, кои ќе се вратат во базата кога ќе бидат полни.

Ван Дијк рече дека градот, кој го поддржува проектот, размислува за локации за пилот-проект за собирање ѓубре на почетокот на следната година.