Среде саудиска пустина ќе се гради футуристички ски-центар Тројен, кој три месеци од годината ќе се користи за скијање, додека во остатокот од годината ќе се користи за спортови на вода и планински велосипедизам.
Ски-центарот ќе биде на планините на Неом – футуристички град чија изградба ќе чини дури 500 милијарди долари. Градот ќе се наоѓа во провинцијата Табук, која се наоѓа на северозападот на земјата. Тројена е претставена како комбинација на неверојатна реална и виртуелна архитектура, вештачко езеро и место со волшебен поглед.
Кларк Вилијамс, менаџер за маркетинг и комуникации на проектот Neom, рече дека е полесно отколку што мислите да се реализира идејата за скијање во Саудиска Арабија.
„Луѓето велат: Чекај малку, има ли снег во Саудиска Арабија? Вистина е дека се потребни само минус три степени Целзиусови за да се направи снег во Неом. Тоа ќе можеме да го правиме три месеци во текот на годината“, изјави Вилијамс.
На планините, каде што ќе биде ски-центарот, природната температура во зима е под нула степени. Имајќи предвид дека Саудијците сакаат да развијат одржлив туризам, тие се посветени на користење што е можно помалку вода при правење снег и што е можно повеќе враќање на водата кога се прави снег.
„За создавање снег максимално ќе користиме обновливи извори на енергија, без разлика дали се работи за сончева енергија или енергија од ветер. Дополнително, ќе се обидеме да акумулираме што повеќе вода, која ќе се создаде при топењето на снегот“, истакна Вилијамс.
Не само за зимски задоволства
Во текот на зимата ќе може да се скија по 36 километри падините на Тројена, а во остатокот од годината ќе може да се ужива во вештачкото езеро и планински велосипедизам. Меѓу другото, езерото ќе се користи и за спортови на вода.