Видео: Саудиска Арабија почна да копа темели за нов футуристички град

241

Саудискиот план за изградба на мегалополис во необична, револуционерна форма на издолжена градба долга 170 километри беше објавен на почетокот на оваа година. Тоа е дел од Визија 2030, на која Саудиска Арабија сака да се претстави како модерна земја, посветена на новите технологии, одржливиот развој и енергетските извори на иднината.

Визијата на The Line се остварува. Саудиската компанија Ot Sky со дронови го снимила местото каде што треба да никне овој „линеарен град“, а таму веќе се врие од работници, механизација и градежни работи. Снимката открива дека ископувањата се започнати, токму во линеарна форма како што беше најавено.

Долго ископаниот ров би можел да биде почеток на темелите на паралелните згради во должина од 170 километри, но и местото каде што ќе се наоѓа планираната подземна пруга, планираното главно превозно средство за некои идни жители на оваа  населба. Воедно, ова ќе биде и град и најголема зграда во светот.

The Line е дизајниран да им олесни на луѓето притоа давајќи им повеќе време за здравје и благосотојба. Се очекува патувањата да не траат повеќе од 20 минути, вештачка интелигенција со достапните податоци ќе се користи за подобрување на инфраструктурните можности, со еколошка перспектива.

Проектот The Line се очекува да овозможи 380.000 работни места и, да поттикне економска диверзификација.