Видео: Sony и Honda претставија електричен автомобил

115

Вчера на CES беше претставен првиот производ од партнерството најавено минатата година помеѓу Sony и Honda, а се работи за електричен седан кој излегува под брендот Afeela.

Првите пред-нарачки на Afeela се планирани за првата половина на 2025 година, а продажбата треба да започне истата година, изјави извршниот директор на Sony, Кеничиро Јошида.

Sony и Honda претходно објавија дека новото електрично возило првично ќе се произведува во фабриката на Honda во Северна Америка.

Прототипот претставен на CES е опремен со 45 камери и сензори внатре и надвор од возилото за да се обезбеди сигурност и безбедност, рече Јошида. Сензорите во кабината ќе го следат статусот на возачот за да спречат несреќи.

Една од интересните технолошки интеграции ќе биде Unreal Engine на Epic Games, кој ќе биде одговорен за системот за забава на автомобилот, но и за сите визуелизации во кокпитот.

Првите американски клиенти ќе седнат во својот електричен автомобил Afeela некаде во пролетта 2026 година.